Македонското општество е општество на многу незнаење, неискуство, произволност и импровизации, општество каде зборот демократија од толку многу повторувања губи од своето значење или добива пејоративен призвук.
Нашата држава не е демократична, од причина што демократијата тесно ја поврзуваат со вредностите на еднаквост и слобода, правда и правичност. Барањето за демократија за еднаквост е протест против неправдата, незаслужените и неправедни нееднаквости кои се јавуваат толку многу често во Македонија. Таа демократија не ја перцепирам во Македонија.
Во денешни услови не може да зборуваме за демократија, слобода или еднаквост, затоа што сметам, дека на поединецот му е одземена можноста да се однесува во склад со својата волја, да размислува самостојно, гласно и поразлично. Особено последниве години, кога постојат вистински случаеви на луѓе кои осмелувајќи се да се конфронтираат со власта или поразлично гласно да размислуваат се шиканираат, омаловажуваат, им се врши психичка тортура, се затвораат. Кај нас постои видно едноумие, а демократите никогаш неможат да функционираат нормално кога критичките гласови се замолчуваат. Поради тоа, за да се обезбеди еднаквост и слобода, неопходно е владеење на правото.
Укажувањето на потребата од заштита и унапредување на основните човекови слободи и права е иманентна за поимот владеење на правото, како и потребата од постоечка ограничена државна власт, поделена на извршна, судска и законодавна заради неможност за сконцентрираност на влста во рацете на само еден државен орган и неговото самоволие. Меѓутоа, кај нас не постои тоа чекин баланс туку постои изразито мешање на интеграциите и токму затоа на моменти добивам впечаток дека и судската и законодавната и извршната власт се е сконцентрирана во рацете на само еден човек.
Велат дека независноста на судството и непристрасноста придонесува на судските одлуки има посебна улога во афирмацијата на владеењето на правото од проста причина – заради остварување на можноста за обезбедување на правна сигурност и законитост, а со самото тоа и поефикасно по подобро остварување на правниот поредок.
Во Македонија постојат монтирани судски случаи, нарачани судски пресуди, нееднаков судски третман, нееднаквост пред законите и Уставот, неправичност. Која правда? Кое владеење на правото, каква правна држава?
Во својата суштина, терминот правна држава пак инсистира на супрематијата на правото и на легалитетот во дејствувањето на државните органи, осврнувајќи се на предимството на правото во однос на државната власт. Нејзините заложби за заштита на човековите слободи и права ја отсликуваат нејзината цел за неповредливост на тие права преку ограничување на државната интервенција и мешањето на државата во приватната свера на граѓаните-дефинициски кажано.
„Правната држава настојува да преставува радикална спротивност кон полициската држава и држава на самоволие, во која поединецот живее постојано надгледуван „од горе“. Е кај нас постои радикална спротивност и извртување на ова дефиниција.
Полицијата во Македонија, секојдневно ја демонстрира својата моќ и ја зацврстува својата позиционирана улога во кршењето на човековите слободи и права, заборавајќи на својата примарна улога.
Правото не му служи на поединецот за понатамошно развивање на неговите способности и остварување и задоволување на неговите интереси, напротив, честопати правниот поредок дејствува репресивно и деградирачки за граѓаните. А, ние бидејќи не „вежбаме“ непослушност, се покоруваме на лошите закони без да дадеме отпор. Поентата ми е дека живееме во полициска држава, не во правна. Само тоа никаде не го пишува. А, мојата перцепција е токму тоа.
Тоа значи, општествената неправда треба и понатаму да се жигосува и против неа да се бориме, бидејќи работите сами од себе не се менуваат. Време е да научиме дека демократските навики не се наследни, туку дека треба да се практикуваат од секоја генерација. Факт е дека ни е потребен мир и безбедност, натамошен развој на демократијата, вистинско владеење на правото и правната држава, економски развој, социјална правда, заштита на животната средина посебно сега ни треба чист воздух во огромни количини. Ова треба да биде предизвик на нашата држава доколку сакаме да успееме на нашиот интеграциски пат во Европската Унија.
Ако сакаме иднина на нашата држава треба да ги приминуваме и практикуваме со вредностите на демократијата-еднаквоста, слободата и правдата. И никогаш, ама баш никогаш да не замолчуваме пред неправдата, бидејќи првиот момент на смртта доаѓа во моментот кога ќе замолчиме. А, за да не замолчам.
Загрижувачки состојби во македонското општество
Од извештајот објавен од Транспарент Интернешенл Македонија, за Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) во 2019 година, Македонија оваа година, бележи назадување на рангирањето. Од опфатени 180 држави, Македонија е пласирана на 106 место. Во 2018 година, државата беше на 93-то место, а во 2017 година сме биле на 107-ма позиција. Како што стои во извештајот објавен од Транспарент Интернешенл Македонија, акцентот бил ставен на врската помеѓу корупцијата и политиката не само преку финасирањето на изборните кампањи, туку и воопшто преку спроведување на нечии интереси што се остваруваат преку влијание со финансирање на политиката.
Минатата година, резултатите бележеа подобрување под влијание на перцепцијата работењето на СЈО или под влијание вербата и довербата што граѓаните ја имаа во работењето на таа институција. Денес резултатите покажуваат дека довербата во институциите во јавниот сектор, во политиката значително се намалува повторно. Секако влијание има и случајот Рекет врз индексот затоа што дел од анализите и резултатите се правени во 2019 година, со што има и намалување на ефектите од работењето на СЈО и губењето на доверба.
Резултатите од истражувањето е истражување на два економски резултати, поголем број резултати што ја мерат слободата на изразување, транспарентноста, демократијата и индексот на владеење на правото. Укажува на тоа дека постои намалување во сите резултати.
Треба да се истакне следното, што треба да го знаат сите чинители во нашава држава дека, не е доволно само да се мени името, за да се добие датум за преговори, како што ги убедуваа и ги убедуваат македонските граѓани од Владата, а во се друго се заостанува, нема реформи во правото, правниот и судскиот систем, образованието, здравството, економијата, царува корупцијата, криминалот и непотизмот во нашиот македонски систем.
Главната порака од Транспарент Интернешенл Македонија е дека треба да се менаџираат и контролира судирот на интереси, да се контролира финансирањето во политиката, да се зајакне интегративноста во политиката и на изборите и да се сузбива повластениот третман во сите свери. Во годините што престојат неопходни се натамошни суштински реформи во сверата на борбата против корупцијата.
Во однос на нивото на корумпираноста во регионот најдобро рангирана по Индексот перцепција на корупција е Р.Словенија на 35-то место, а најлошо рангирана е нашата држава 106 место, додека Р.Хрватска е на 63 место, Р.Црна Гора на 66, Р.Бугарија на 74 место, Р.Србија на 91 место, Косово и Босна и Херцеговина се на 101 место.
На Индексот перцепција на корупција на скалата од 0 до 100, највисоко рангирана и годинава се Нов Зеланд со 87 индексни поени, Данска 87, Финска 86, Швајцарија и Сингапур 95 и Шветска со 85, најниско рангирани истотака и лани е Сомалија на 180 позиција со 9 индексни поени, а пред неа се Јужен Судан, Сирија и Јемен. (види https://www.transparency.org.mk/)
Што пишува економскиот магазин „Економист“
Според магазинот „Економист“ состојбата е загрижувчка: „ над 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека ова тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државата по завршувањето на студиите“. Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз, на една од македонските телевизии изјави:
„Она што ме загрижува во врска со младите е негативноста со која се опкружени и не само негативни гласови и притисоци, туку вистински пречки како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на визијата која што ја имаат за себе“.
Како што понатака објавува „Економист“ – „Македонија се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на млади луѓе од 15 до 24 години. Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отство се пред Македонија, ова е поразителна статистика која што го објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.
Во земјите во регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто. Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска на 34-та со 25,5 отсто“.
За напред наведените загрижувачки состојби во нашава македонска држава на овој план ќе ја цитирам изјавата на претседателот Стево Пендаровски: „Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава, во која просечна плата во земјата е 400 евра“ изјавена на Регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад (2019).
На ова што да се каже, безперспективност за младите. Кога гледаат дека не функционираат правните институции, кога царува криминалот и корупцијата во секој сегмент од општесвеното живеење и делување.
Индексот за перцепција на корупција (ИПК) за 2020 година
Од извештајот објавен од Транспарент Интернешенл Македонија, за Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) во 2020 година, Македонија бележи најниски резултати и најниско рангирање. Македонија се наоѓа на 111 место со 35 поени од вкупно рангираните 180 држави од целиот свет. Во последниве две години 2019 и 2020 година бележи пад од 106 место на 111 место. Пред нас се сите регионални држави Словенија, Хрватска, Црна Гора Бугарија, Србија, косово и Албанија, задно сме со Босна и Херцеговина на 111 место. Еј,моја Македонијо 111. Како што стои во извештајот објавен од Транспарент Интернешенл Македонија, акцентот бил ставен во коруптивноста на институциите во Македонија, коруптивноста на судството, високата корупција и недопирливи за органите за прогон, партизирање и пазарење во постапките за вработување и обезбедување на конкурентност и подеднакви услови за сите при вработување, со цел ефикасна администрација која ќе биде професионална и компетентна до степен да обезбеди понатамошен развој на државата и континуитет за интеграција во ЕУ.
На напред наведеното од македонското преставништво на Транспарент Интернешенл Слаѓана Тасева изјавува: „Ова рангирање е историски најлошото досега откако се мери во земјава“.
А, за арогантниот вицепремиер на Владата на Македонија Николовски одреден за гонење на корупција потценувајќи ги граѓаните ќе рече:„ не пораснала корупцијата, тоа е само перцепција на граѓаните“. Еве една недоветна изјава на еден недоветен функционер задолжен да ја води борбата за корупција. За разлика од него Холанскиот амбасадор во Македонија ја изразува згриженоста на големата коруптивност во земјава.
Еј,моја Македонијо 111!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес