6.8 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Почина од ковид стогодишниот Британец, кој собра 39 милиони фунти за борба против короната

Стогодишниот капетан Том Мур, ветеран од Втората светска војна, кој собра 39 милиони фунти за борба против коронавирусот, почина откако се раболел  токму од коронавирус.

“Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот драг татко, капетанот сер Том Мур. Ние сме многу благодарни што бевме со него во последните часови од неговиот живот”, велат неговите ќерки Хана и Луси, пишува Гардијан .

“Со часови разговаравме со него, сеќавајќи се на нашето детство и нашата прекрасна мајка. Делевме смеа и солзи. Тој беше неверојатен татко и дедо и ќе остане жив засекогаш во нашите срца “, рекоа тие.

Мур бил примен во болницата Бедфорд во неделата откако подолго време бил лекуван од пневмонија и минатата недела е позитивен на тест за ковид-19.

Во изјавата објавена на неговиот профил на Твитер истиот ден, неговото семејство соопштило дека тој се лекувал дома до неделата кога му требало дополнителна помош при дишењето.

Портпарол на семејството на Мур претходно за Би-Би-Си изјавил дека Мур не примил вакцина против коронавирус поради лековите што ги земал против пневмонијата.