Јуве прв финалист во Купот на Италија

Allianz Stadium in Turin, Italy, 9 february 2021 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на торински Јувентус се првите финалисти на овогодишното издание на Купот на Италија, откако во реванш дуелот на својот терен одиграа без голови со Интер.

Со овој резултат „Старата дама“ ја зачува предноста направена на првиот натпревар во Милоано кога пред една недела славеше со 2:1.

Јувентус во финалето, кое е предвидено за 19-ти мај во Милано, ќе игра против подобриот од соочувањето меѓу Аталанта и бранителот на трофеојот Наполи. Првиот меч меѓу овие два тима пред шест дена во Неапол заврши без голови, а реваншот е во среда во Бергамо.