(ВИДЕО) Деми Ловато призна дека во 2018-та поради предозирање претрпела три мозочни и срцев удар

Поп ѕвездата Деми Ловато изјави дека претрпела три мозочни и еден срцев удар кога во 2018 година била хоспитализирана поради предозирање со дроги, како и дека таа епизода оставила одредени мозочни нарушувања кај неа.

Сега 28-годишната Ловато го промовираше во средата новиот документарен филм, кој според неа, ќе пружи целосни информации за предзирањето коешто за малку ќе ја чинело животот.

„Имав три мозочни удари. Имав срцев удар. Лекарите рекоа дака имам уште пет до десет минути“, вели музичарката во инсертот од документарниот филм „Танцувајќи со ѓаволот“ кој ќе биде објавен на YouTube на 23-ти март.

Иако пејачката отворено зборуваше за своите зависности од дрогите и алкохолот, во срадата изјави дека има уште многу работи коишто јавноста сѐ уште не ги знае за предозирањето и за она што му претходело.

Во 2018 година поранешната детска ѕвезда на каналот Disney Channel беше пронајдена без свест во нејзиниот дом на Холивуд Хилс, од предозирање со опијати и фентанил.

Само неколку седмици претходно ја објави својата песна „Sober“ во која пееше за падовите по шест години трезвеност.

„Изминатите неколку години слушнав многу приказни за својот живот и за она што луѓето мислат дека се случило. Сакав моите обожаватели да знаат што е вистината“, изјави Ловато во средата за медиумите.

„Имам оштетувања на мозокот и сѐ уште чувствувам последици“, рече додавајќи дека не вози автомобил, бидејќи не гледа добро по инцидентот.

Ловато порано имала нарушувања во исхраната и кокаин почнала да зема на 17-годишна возраст, а со 18 години била првпат на клиника за одвикнување кога ѝ било дијагностицирано биполарно нарушување.