Кинеските шпиони го користеле кодот за нивните ткн „хакерски“ операции кој прва го развивала американската Национална агенција за безбедност (NSA), објавија во понеделникот израелските експерти.
Тоа претставува пример за тоа како злонамерниот софтвер кој го развиваат владите може на своите создавачи да им се врати како бумеранг, се наведува во прилогот на Reuters.
Компанијата „Check Point Software Technologies“, чиешто седиште во Тел Авив, објави извештај во којшто се наведува дека некои карактеристики во кинескиот злонамерен софтвер наречен „Jian“ се многу слични со хакерската програма на NSA, за којашто вестите истекоа во јавноста во 2017 година, поради што единственото објаснување е дека се украдени.
Според компанијата, се чини дека „Jian“ е осмислен во 2014 година, најмалку две години пред тајната хакерска групација позната како Shadow Brokers.
Имено Shadow Brokers во 2017 година ја објави алатката на NSA за искористување на безбедносните пропусти во оперативните системи Windows и така овозможила напад со изнудувачкиот (уценувачки) софтвер – рансомверот (малициозна апликација која го спречува корисникот да го користи својот копјутер) WannaCry, кој на крајот зарази речиси 300.000 компјутери во повеќе од 150 земји и територии во светот.
Јанив Балмас, шефот на одделот за истражување во споменатата израелска компанија, го нарекува „Jian“ „своевиден вид имитатор, кинеска реплика“.
Од NSA одбиле за Reuters да го коментираат извештајот на израелската компанија, а истото го направила и амбасадата на Кина во Вашингтон.
Неименуван извор запознат со овој проблем рекол дека компанијата „Lockheed Martin Corp“ открила грешка во својот компјутерски систем кој во 2017 година го искористил софтверот „Jian“. Оваа грешка од „Lockheed Martin Corp“ ја откриле на мрежата на неидентификувана трета страна.
Компанијата во соопштението објави дека „рутински ги проценува софтверот и технологиите на трета страна за да ги идентификува ранливите точки“.
Владите ширум светот развуваа злонамерни програми за да направат упади во компјутерските мрежи и уреди на противници и за да ги искористат грешките во софтверите кои управуваат со тие уреди.
Не е јасно на кој начин бил користен „Jian“, но во документот кој во 2017 година го објави „Microsoft“, се наведува дека е поврзан со кинескиот субјект „Zirconium“ кој минатата 2020 година е обвинет дека ги имал за цел здруженија и личности поврзани со американските претседателски избори.