Државниот Јавен обвинител Љубомир Јовески денеска нема да присуствува на собраниската седница наменета за пратенички прашања.
Иако досега, Јовески присуствувал на седници, за денеска имал, како што вели, неодложни обврски.
-Почитуван претседател, поканата за присуство на денешната седница посветена на пратенички прашања ја добив вчера околу 14 часот. Порад претходни преземени неодложни обврски, за жал не сум во можност да присуствувам на седницата. Напоменувам дека досега уредно сум се одзивал на поканите на Собранието. Доколку пратеникот на седницата го постави прашањето, Јавното обвинителство ќе достави писмен одговор, се вели во одговорот на Јовески испратен до претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери.
Кое е прашањето кое некој од пратениците треба да му го постави на државниот обвинител не е познато. Дали зад неодложните обврски на Јовески можеби стои случајот поврзан со Сашо Мијалков, останува времето да покаже.