Илјадници демонстранти протестираа на улиците во Даблин бидејќи ирските власти одлучија да ги продолжат строгите епидемиолошки мерки.
На протестите се уапсени најмалку 20 лица.
Демонстрантите се судрија со полицијата, а надлежните изјавија дека тие дошле со намера да бидат насилни и да направат хаос, а не да протестираат мирно.
Ирска воведе строг карантин кон крајот на декември, а строгите рестриктивни мерки се продолжени до 5 март. Луѓето не треба да ги напуштаат нивните домови освен ако треба да одат на работа, на училиште/факултет или во продавница. Може да вежбаат на отворено, но само на 5 километри оддалеченост од нивниот дом.