Американскиот претседател Џо Бајден е согласен со неопходноста да се обнови политката на користењето воена сила преку границите, којашто му дава широки овластувања на американскиот челник во оваа сфера, изјави во петокот на редовниот брифинг со новинарите во Белата куќа, портпаролката Џен Псаки.
„Претседателот Џо Бајден се согласува дека овластувањата за користење на воената сила постојат веќе дваесетина години и оти крајно време е да бидат обновени“, изјави Псаки.
Според неа, Бајден е „отворен да се зборува за тоа како точно треба да изгледаат во обемот и рамките“ овластувањата на американскиот челник во оваа област.
„Ние сакаме да започнеме вакви разговори и, се разбира, тие веќе се водат, главино во приватен формат“ со законодавците, додаде портпаролката на Белата куќа.
Истовремено, како што е убедена Псаки, неодамнешните напади во Сирија, за кои наредба даде претседателот Бајден, биле изведен легално од аспект на американскиот закон.
„За воздушните напади во Сирија, се разбира, беше спроведен целосен преглед и процес од правна гледна точка. Уверени сме дека имаше овластувања за овој напад од аспект на законот“, додаде Псаки.
Американскиот Устав му дава овластување на Конгресот, а не на шефот на државата, во објавувањето на војна. Сепак, американскиот претседател според бројни закони донесен подоцна, може да нареди употреба на воена сила во странство, за што мора да го извести Конгресот.
Во средата сенаторите од двете партии го претставија предлог-законот за ограничување на овластувањата на претседателот за употреба на воената сила. Станува збор за уште еден обид на американските законодавци да ги отфрлат иницијативте кои ги донесе Конгресот по терористичките напади во САД на 11-ти септември 2001 година. Тие му овозможуваат на претседателот на САД и употреба на воена сила без согласност од законодавците. Претходно, сличните обиди на голем број конгресмени и сенатори не добиваа соодветна поддршка во двата дома на Конгресот.
Автори на новата иницијатива се сопартиецот на претседателот Џо Бајден, Тин Кејн демократ од сојузната држава Вирџинија, и Тод Јанг републиканец од Индијана. Тие се спротиставуваат на сегашните законски одредби, коишто според нивното мислење, овозможуваат САД да водат „бесконични бојни“ на Блискиот исток во текот на изминатите две децении.
Ноќта на 26-ти февруари, речиси еден месец откако Бајден официјално ја презема претседателската должност, САД изведоа воздушни напади на сириско-ирачката граница против цели на проиранските милиции. Пентагон соопшти дека нападот бил изведен како одговор на неодамнешните напади во Ирак врз интересите на САД и сириската опозициска вооружена коалиција која ја поддржуваат кои наводно изведувале операција против џихадистичката групација Исламска држава.