Производстото на третата руска вакцина против коронавирусот „КовиВак“ официјално започна во четвртокот во рускиот Федерален истражувачки центар за развој на имунобиолошки препарати „М.П. Чумаков“, објави министерот за наука и високо образование Валери Фалков.
Пакувањето од првата серија апмпули го пуштил министерот Фалков. Вакцината е достапна во форма на суспензија за интраускуларно инјектирање.
„Со ова третата руска вакцина оди за цивилна уппотреба и веќе следните денови ќе биде достапна во регионите“, се вели во соопштението на руското министерство.
Максималната продажна цена изнесува 4.330 рубљи за десет ампули, односно околу 57 американски долари. Регистрацијата на „КовиВак“ е направена во февруари, Центарот очекува да го зголеми обемот на производство на „КовиВак“ до 500 илјади дози месечно во април и мај, а во иднина планира да се произведат најмалку десет милиони дози годишно.
Центарот „Чумаков“, кој во 1955 година во Санкт Петербург го основал Михаил Чумаков, познат е по соработката со американскиот научник Алберт Сабин во време на самата кулмуниција на Студената војна, а која резултираше со развој на вакцината против детската парализа.
Во центарот „Чумаков“ како добро го оценуваат нивото на антителата кај волонтерите и планираат есенва во Светската здравствена организација (СЗО – WHO) да ја достават документацијата за предрегистрирање.
Клиничките испитувања на оваа вакцина заполнале на почетокот од октомври 2020-та кога биле вакцинирани 200 доброволци, и досега според објавите не биле идентификувани несакaни дејства на препаратот. Втората фаза од тестирањето врз луѓе започнала во декември во клиники во Санкт Петербург, Новосибирск и Киров, со која исто така биле опфатени 200 волонтери.
Во јануари, создавачите на вакцината до рускиот регулатор ги поднеле документите за нејзина регистрација, а во февраури била одобрена, кога е завршена втората фаза од клиничките испитувања, по што ќе започнат финалните дополнителни проверки на три илјади волонтери.
Оваа вакцина е сосема различна вкацина според видот од претходните две руски вакцини „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“, велат нејзините создавачи. Имено, оваа вакцина била развиена врз основа на цел инактивиран (ткн „убиен“) коронавирус. Кога се воведува во организмот, тој го препознава антигенскиот состав на вирусот, го запаметува и во иднина треба да биде подготвен на сите негови појавувања. Претходно беше објавено дека основата на „КовиВак“ е вирус земен од еден од пациентите на московската болница „Комунарка“.
Станува збор за таканаречена целосновирионска вакцина. „КовиВак“ се базира на вируост SARS-CoV-2 кој е специјално обработен така што ги загубил своите инфективни својствоа, но истовремено ја задржува способноста да предизвика имунолошки одговор. Ваквите препарати го содржат целиот сет протеини на вирусната честичка, и соодветени, како штпо се очекува имунолошкиот одговор да биде најцелосен.