Веројатноста за судир на астероидот Апофис со Земјата во следните сто години е минимална, се вели во анализата којашто ја спровеле американските радиопсерватории во Голдстоун и Грин-Бенк.
„Веројатноста за судир во 2068 година е минимизирана. Нашите пресметки покажуваат дека не постои ризик до судар, барем не во следните 100 години“, изјави Давид Фарнокија, портпаролот на Центарот за проучување на објектите во близина на Земјата на американската агенција за вселенски истражувања NASA.
Атероидот Апофис, со размер од 325 метри, беше откриен во 2004 година. Откритието тогаш предизвика голема вознемиреност, бидејќи првичните пресметки покажаа дека постои 2,7-процентна веројатност Апофис, именуван по древниот египетски бог на злото и уништувањето, да се судри со Земјата во 2029 година. Но веднаш научниците ја исклучија оваа закана, пресметувајќи дека на 13-ти април 2029 година, астероидот ќе прелета на растојание од 37.600 километри од центарот на Земјата.
Според истражувањето, на 5-ти март годинава астероидот уште еднаш минал на растојание од 17 милиони километри од Земјата, што е 44 пати повеќе од оддалеченоста од Месечината. Научниците ја искористија оваа можноста да ја проучат орбитата на вселенскиот објект, што им овозможи да ги остранат сите ризици од судир во Земјата во следните сто години.
„Благодарение на неодамнешните оптички набљудувања и дополнителните радарски следења, неизвесноста околу орбитатата на Апофис се намали од стотици километри за неколку километри според прогнозите за 2029 година. Тоа ни даде значително повеќе информации за неговата локација во 2029-та, што ќе ни овозможи да ја одредиме неговата идна насока на движење со поголема точност, па сега можеме да го отстраниме Апофис од листата ризици“, истакна Франоккија.
Врз основа на податоците од оваа анализа, Европската вселенска агенција (ESA) го исклучи отстранат астероидот Апофис од листата на опасни вселенски тела на која се наоѓаше 17 години.