Восок севернокорејски функционер ги оцени во саботата како мешање и провокација критиките кои американскиот претседател Џо Бајден ги искажа откако Северна Кореја лансираше рекети во четвртоот, известува државната новинска агенција KCNA.
„Овојпат пробното лансирање на тактичката наведувана ракета од новиот тип (…) е активност заснована на правото на самоодбрана на една суверена држава. Во сегашните услови, кога Јужна Кореја и САД изведуваат опасни воени маневри со најмодерно оружје (…) моравме да ги активираме воените сили за да ја заштитиме безбедноста на нашата држава“, го цитира KCNA секретарот на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја.
Пјонгјанг и претходно порача дека последните лансирања на проектилите во Јапонското Море, вклучително и минатонеделните, претставува чин на самоодбрана во текот на заедничите масовни воени маневри на силите на САД и Јужна Кореја.
„Ваквите забелешки на американскиот претседател претставуваат нескриено мешање во правото на нашата земја на самоодбрана и провокација упатена за нашата земја“, порача Ри Пјонг Чол, кој го надгледувал лансирањето, пренесува KCNA.
Според Ри, новата американска администрација „погрешно започна“ во политиките кон Пјонгјанг. Покрај тоа, оценил дека американските власти заземале „воинствена“ позиција, додавајќи дека таквиот нивен став „повторно укажува по кој пат треба да се движи Северна Кореја“.
Американскиот претседател Џо Бајден во четвтокот, на својата прва прес-конференција од стапувањето на должноста, изјави дека Северна Кореја ја со лансирањето на балистичките ракети ја пркршила Резолуцијата 1718 на Советот за безбедност при Обединетите нации, и оти тоа се смета за чин на „непријателство“, како и дека САД и нивните сојузници ќе одговорат во случај на ескалација.