Антителата по вакцинацијата со руската вакцина против Covid-19 „ЕпиВакКорона“ кај поврозрасните лица се произведуваат во 94 отсто од случаите, а се покажала ефикасна и против новите британски и јужноафрикански сој на коронавирусот, изјави во средата Александр Семионов, раководител на Екатеринбуршкиот институт за истражување на вирусни инфекции „Вектор“ при рускиот регулатор.
„Со сигурност знаеме дека вакцината може да се користи кај која и да возрасна група над 18 години, а сега ќе одиме надолу. Добивме резултати дека примената на вакцината предизвикува формирање ефикасни антитела во 94 отсто од случаите“, изјави Семенов за руската телевизија.
Претходно од руската државна агенција за контрола на производите и заштита на потрошувачите, појаснија дека станува збор за јавување на антителата во овој процент кај испитуваната група на лица над 60 години. Семенов притоа истакнува дека оваа вакцина дава имунитет на коронавирусот најмалку една година.
„Оваа вакцина, исто така, е ефикасна и во однос на во моментов сите познати соеви на вирусот, какошто се бртианскиот, јужноамериканскиот и јужноафриканскиот“, рече Семенов и додаде дека Центарот „Вектор“ досега примил „бројни барања“ за испорака на „ЕпиВакКорона“ во странство.
Шемата за вакцинирањето со ова вакцина претпоставува двојно интрамускулно инјектирање на препаратот во интервал од најмалку 14 до 21 дена, во дози од 0,5 милилитри. Притоа се наведува дека вакцинирањето може да биде изведено и со една компонента од препаратот, доколку некои лице претходно било болно од Covid-19.
Препаратот против новиот коронавирус SARS-CoV-2, под називот „ЕпиВакКорона“ е создаден врз основа на пептидни антигени во државниот научен центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“ во Новосибирск, на далечниот руски исток, а регулаторите го регистрираа во октомври 2020 година. Во меѓувреме завршиле двете први фази од клиничките тестирања, а во тек завршувањето на третата клучна фаза со која беа опфатени 40.000 волонтери, меѓу кои и лица со над 60-годишна возраст и оние кои страдаат од хронични болести.
Центарот „Вектор“ на 24-ти јули минатата 2020 година доби одобрување од руското министерство за здравство да започен со спроведување на клиничките испитувања на вакцината врз волонтери. Првата фаза завршо на 14-ти октомври, по што препаратот беше регистриран. По еден месец министерството за здравство одобри пострегистрациски испитувања потребни за регистрација на вакцината, на 150 волонтери со над 60 години, а во третата недела од ноември и за испитување на 3.000 волонтери.