Возрасен маж од селото Ораовица, радовишко, со престојувалиште во селото Ерџелија, светиниколско, е приведен во средата од полициски службеници од Полициската станица Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на 63-годишниот М.А. во Ерџелија, каде престојувал 59-годишниот Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.