Нов тренер на Рома е Португалецот Жозе Мурињо, објави италијанскиот фудбалски клуб.
Клубот на социјалните медиуми единствено кусо информираше дека Мурињо ќе ја предводи Рома за сезоната 2021/22.
Иако други детали не се познати, сигурно е дека американските сопственици издвоиле голема сума за годишната плата на Мурињо која нема да изнесува помалку од десет милиони евра по сезона, пишуваат италијанските медиуми.