Вакцината од растително потекло за Covid-19 ја мина првата фаза од испитувањето

Канадските молекуларни биолози создадоа вакцина против коронавирусот, којашто се состои од честички слични на вируси од растително потекло, и ја тестирале врз 200 волонтери опфатени со првата фаза од кличничките испитувања, од кои резултатите се објавени во студијата во научното списание Nature Medicine.

„Нашите набљудувања покажаа дека волонтерите подеднакво добро ги поднесувале сите варијанти на аплицирањето на вакцината во нивните организми. По инјектирањето на втората доза количествата антитела во крвта на повеќето од нив беше околу десет пати поголема отколку во плазмата на лица кои оздравеле од Covid-19“, пишуваат истражувачите.

Минатата година научниците од Русија, Кина, САД, Велика Британија и други земји развија десетици вкацини против новиот коронавирус, од кои некои веќе масовно се користатт за заштита на популацијата од Covid-19.

Меѓу овие препарати постојат и класичните инактивирирани и рекомбинантни вакцини, и вакцинации кои се засновани и доскоро неистражените технологии и овозможуваат воведувањет фрагменти од туѓа РНК (ткн „гласничка“ или mRNK) во човечките клетки и нивно предизвикување да произведуваат големи количества вирусни протеини. Некои од вакцините, пак, се создадени врз основа на други вируси и технологии кои веќе се користеле за создавање вакцини за други болести.

Сега канадски молекуларни биолози предводени од Брајан Вард, професот на Универзитетот Мекгол во Монтреал, ја развиле првата вакцина за коронавирусот, кој се произведува со употреба на генетски модифицирани растенија.

Станува збор за честички слични на вирус, составени од фрагменти од обвивката на коронавирусот, инструкциите за составува за кои научниците ги вметнале во геномот на тутунот Бентам (Nicotiana benthamiana), австралискиот сродник на тутунот. За да го направат тоа, научниците ги заразиле неговите никулци со помош на генетски модифицирани бактерии Agrobacterium tumefaciens, кои се способни да вметнат туѓи сегменти од ДНК во геномот на заразените растенија.

 

Првите успеси на новата вакцина

Ваквиот пристап, како што појаснуваат професорот Вард и неговите колеги во студијата, не станува збор за никаква радикално нов пристап, односно тој е користен при создавање вакцини за грип, хепатитис Б и хуман папиломавирус. Оваа технологија значително ги намалува трошоците за вакцинирање, овозожува вакцините да се чуваат на релативно високи температури од околу 2 до 8 Целзиусови степени, а истовремено производството на вакцините од растително потекло е полесно да се димензионира.

Научниците ја тестирала ефикасноста на оваа вакцина врз група од двесте доброволци на возраст од 18 до 49 години од Монтреал и од Квебек. Бидејќи подготвиле неколку различни варијанти на вакцинацијата, биолозите ги вовеле вирусоликите честички кај волонтерите и следеле како нивниот имунолошки систем и организмот во целина реагираат на нив.

Следните опсервации покажале дека вацината не предизвика сериозни несакани ефекти, освен изразениот замор кој се појавил кај еден од учесниците во експериментоте веднаш по инјектирањето. Општо земено, се покажала дека е безбедна за пациентите при каков и да е стратегија за аплицирање во организмот.

Истовремено, научниците откриле дека по еднократното примање на вакцината, се јавиле голем број антитела на SARS-CoV-2 кај околу 60 отсто од учесниците во истражувањето, додека две инјекции од вакцината довеле до нивно формирање кај 91 отсто од волонтерите.

Во просек, концентрацијата на овие молекули во организмот на волонтерите бил околу еден степен повисока од пациентите кои неодамна биле подложени на коронавирусна инфекција.

Во блиска иднина, како што се наведува во студијата, научниците ќе ги објават податоците добиени во текот на втората и третата фаза од клиничките испитувања. Овие испитувања, се надеваат професорот Вард и неговите колеги, ќе завршат со истите показатели што ќе им овозможи на овој вид вакцините да станат достапна алтернатива за mRNA вакцините, коишто во моментов се широко употребувани во САД и Канада.