Американските трупи речиси го завршиле повлекувањето од Авганистан

Американската армиjа објави во вторникот дека речиси го завршила повлекувањето на своите единици од Авганистан, каде владата во Кабул распоредила стотици припаднции на провладините безбедносни сили за да се спротистави на големата офанзива на талибаните на северот од земјата.

Американскиот претседател Џо Бајден во април најави дека сака да го заврши тоа повлекување до 20-та годишнина од терористичките напади на Ал Каеда врз САД на 11-ти септември 2001 година, што беше директен повод за американската инвазија во Авганистан и дведецениската војна. Талибаните тогаш изразија негодување, поради тоа што според договорот постигнат со администрацијата на претходниот претседател Доналд Трамп во катарска Доха пред две години, повлекувањето на странските сили од земјата требаше да биде завршено до 1-ви мај 2021 година.

Сега, повеќе од два месеца пред рокот што го постави Бајден, американската војска веќе спровела „повеќе од 90 отсто“ од повлекувањето на Авганистан, соопштено е во вторникот. Во петокот Белата куќа прецизираше дека последните американски војници ќе ја напуштат авганистанската територија до крајот на август.

Пентагон во вторникот потврди дека поради безбедносни причини на владата во Кабул не ѝ го соопштиле точното време на напуштањето минатата седмица на американските и НАТО силите на најголемата воздухопловна база во земјата, во Баграм 60 километри северно од авганистанската престолнина.

Во вторникот се забележани жестоки борби во неколку авганистански покраини, а талибанските бунтовници на сверот на земјата заземале неколку десетици округу откако САД во мај започнаа да ги повлекуваат своите трупи. Поради тоа Франција во вторникот истакна дека е „длабоко загрижена со состојбата и последиците по стабилноста на регионот“.

Авганистанската влада, која се соочува со загрижувачкото напредување на талибаните на северот од земјата, одлучи во тие региони да испрато свои сили поради подготовка на противофанзива. Брзината и леснотијата со којашто бунтовниците ги заземале тие покраини претставуваат тежок удар за авганистанските власти, а многу геополитички коментатори предупредуваат дури и можен пад на владата во Кабул.