Две третини од населението на Индија имаат антитела на коронавирусот SARS-CoV-2, покажуваат во вторникот објавените резултати од истражувањето коешто било спроведено во јуни и јули, а со кое биле опфатени 29.000 лица од целата земја.
Четвртото по ред серолошко тестирање на национално ниво, со коешто се анализира присутноста на антителата на коронавирусот во крвта, било спроведно во Индија и првпат вклучувало и деца, вкупно 8.691 дете на возраст од 6 до 17 години. Половината од нив биле позитивни на антитела. Околу 400 милионио жители на Индија, немало антитела на коронавриусот, покажало уште ова истражување.
Исто така, 67,6 отсто од возрасните биле позитивни на антителата против коронавирусот. Повеќе од 62 отсто од возрасните не се вакцинирани во земјата со речиси 1,4 милијарди жители. Од почетокот на јули само малку повеќе од 8 отсто од возрасното население на Индија ги примиле двете дози од вакцините против Covid-19.
Бројот на дневните случаи на заразата паднал на најмалото ниво во четиримесечниот период, по вториот бран кој го парализираше индискиот здравствен систем. Меѓутоа, стручњаците ги предупредивја властите да не избрзуваат со отворање на градовите и изразија загриженота пораи големиот број туристи кои ги посетуваат светски познатите туристички дестинации.
„Вториот бран сѐ уште трае. Опасноста од ново масовно ширење на заразата сѐ уште е многу присутна. Секое трето лице, каде и да се наоѓате…, сѐ уште е изложено, значи пандемијата ниту одблизу не е завршена“, предупреи највисокиот владин советник Винод Кумар Паул на пресп-конференција.
Во рамките на споменатото истражување биле тестирани 7.252 здравствени работници, а 85 отсто од нив имале антитела на коронавирусот. На секои десет здравствени работници, само еден не е вакциниран.
Според истражување спроведено во јуни, во мегалополисот Мумбаи најмалку половина од жителите помлади од 18 години биле во допир со вирусот и развиле антитела.
Некои здравствени експерти предупредуваат дека третиот бран би можел да ги погоди децата, па затоа властите на Мумбаи им се придружија на некои други индиски градови во градењето на големи педијатриски оддели, за здравствениот систем да биде поготвен доколку таквото сценарио и се оствари.