На сите во јавноста во Република Македонија им е јасно зошто стигна до таа интерпелација за Талат Џафери. Тоа е поради кршењето на амандманот 5 од Уставот, како и Законот за користење на македонскиот јазик и Законот за јазиците во кој што пишува точно дека македонскиот јазик е духовно богатство со посебно културно историско значење, употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Македонија, појасни Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.
Мизрахи додаде дека треба да се напомене дека господинот Талат Џафери не беше на состанокот во Брисел како граѓанин туку како претставник односно претседател на Собрание на Република Македонија.
„Интерпелацијата беше вратена иако истата беше доставена на ист начин како што беа доставени сите останати интерпелации во Собранието и таа е вратена заради усогласување со членот 136 од Деловникот на Собрание на Република Македонија. А, членот 136 гласи – „Ако предлогот на законот не е подготвен во согласност со одредбите на овој деловник“. Од кога интерпелацијата според Џафери е предлог на закон“, запраша Мизрахи.