![f_7288553_1024](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/f_7288553_1024.jpg?resize=696%2C364&ssl=1)
Македонскиот ракометен првак Вардар иако загуби од ППД Загреб на гостински терен (25:22), патува на завршниот Ф4-турнир во СЕХА-лигата кој следната седмица ќе се игра во Задар. Избраниците на Веселин Вујовиќ победија со четири гола во Скопје, а во хрватскиот главен град иако имаа добар резултат на десет минути пред крајот и беа во игра за победа, сепак, тимот драстично падна, Загреб го сврте мечот и беше неизвесно до последниот свиреж.
Дибиров со пет гола беше најефикасен во таборот на Вардар, четири постигна Тото, а одличен беше и голманот Томовски, со 12 успешни интервенции.
Покрај Вардар, учесници на фајналфор турнирот што ќе се одржи во Задар се и екипите на Веспрем, Мотор и Мешков Брест. Ривал на „Вардарци“ во полуфиналето закажано за 3 септември ќе биде белорускиот првак Мешков Брест, кој во четвртфиналето од СЕХА-лигата го елиминираше македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер.