Јовчески: Да се инвестира во образованието, значи да се инвестира во знаењето на децата и нивната иднина

Драги ученици,наставници и професори, На сите ви го честитам почетокот на новата учебна година и ви посакувам бројни успеси во истата. Денес е убав ден и нека биде среќен ден на сите! После една година, учениците повторно се враќаат во училишните клупи, во училиштата ќе се слуша детскиот џагор. Имајќи ја во предвид корона кризата, а дополнително и како лекар,сакам да порачам на сите да се придржуваме до мерките за заштита од корона за колку што е можно побрзо животот и на децата и на возрасните да се врати во нормала, ова денеска преку изјава го истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градот Прилеп, Борче Јовчески.

„Да се инвестира во образованието, значи да се инвестира во знаењето на децата и нивната иднина. Да се инвестира во образованието значи да се инвестира во иднината и на Прилеп и на Р. Македонија. Квалитетното образование е клучот за сигурен прогрес во едно општество. Во наредните 4 години, сериозно ќе пристапам кон решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат, наставниците учениците и нивните родители. Ве уверувам дека образованието ќе биде во фокусот на нашето работење. Ќе извршиме реконструкција на повеќе основни и средни училишта во Општина Прилеп. Како во градот, така и во селата од нашата општина. Ќе инвестираме и во спортот, здравиот начин на живот на децата,како и во градењето здрави навики во едни пристојни услови за спортување“, речеи Јовчески.

Додаде дека согласно корона кризата со која сите ние се соочуваме, ќе пристапиме кон добро менаџирање и ќе понудиме решенија за нормално одвивање на наставата, според најдобриот интерес на децата.

„Нема да дозволиме нивното време за образование и надоградување, да биде залудно потрошено во некакви експериментални решенија.

„Само со макотрпна работа и инвестиции, соработка како со родителите,така и со наставниците и професорите, ќе придонесеме за подобрување на целокупниот образовен процес. На таков начин ќе го вратиме повторно дигнитетот на наставникот. Образованието ќе биде врвен приоритет во моето работење.
Имајте среќна и успешна учебна година!“, истакна Јовчески.