Синдикатот на полиција во Македонија реагира дека Министерството во изминативе неколку години станало предмет на подбив кај граѓаните, поради што бараат оставка од министерот, Оливер Спасовски.
Не можам а да не реагирам за тоа како едно најдобро Министерство за внатрешни работи во изминативе години стана предмет на подбив кај граѓаните на Република Македонија.
Секако лично ВЕРУВАМ И УБЕДЕН сум дека најзаслужен без никаков сомнеж е министерот Оливер Спасовски, кој во изминативе години успеа да го допре дното а сигурен сум и подоле од тоа во сите области кои „вода може да му носат“ неговите претходници.
Но, благодарение на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ, колку толку успеавме барем малку да го балансираме нанесениот срам, понужување, распоредување, вознемирување итн, итн…..
ДОСТА Е СО ВАКВОТО ПОНИЖУВАЊЕ, Министре Спасовски, како претседател на СПМ, во мое име и во име на нашето членство БАРАМ ТВОЈА ОДГОВОРНОСТ И ОСТАВКА ВЕДНАШ – реагира претседателот на СПМ Орце Коцевски.