
Времето во Македонија во понеелникот ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер.
Минималната температура е во интервалот од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска исто така ќе биде сончево и тивко. Минималната температура се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.