Полицијата на Обединетите Арапски Емирати во Дубаи запленила 500 килограми кокаин чија вредност е проценета на 118 милиони евра и прита е уапсено едно лице, се истакнува во соопштението објавено во неделата.
„Полицијата неодмана спречи обид за внесување во земјата на 500 кгр чист кокаин наменет за препродажба. Дрогата со пазарна вредноста од над 500 милиони дирхами беше сокриена во контејнер“, се истакнува во соопштението без поединости за локацијата и времето кога била спроведена полициската акција.
Уапсеното лице е со потекло од земја на Блискиот исток, која исто така не е соооштена, и е под сомнување дека е посредник за меѓународен криминален картел.
Царинската служба на Дубаи редовно известува за заплени на дроги во овој емират, еден од седумте кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, кои имаат строги закони за користење на опојни средства.
Криумчарњето наркотици се казнува со мсртна казна која неретко се преиначува во доживотен затвор.