Полското министерство за надворешни работи го повика во четвртокот белорускиот вршител на дожноста во амбсадата откако полската полиција близу заедничката граница нашла телот на уште еден мртов мигрант.
Вторпат во седмицава белорускиот дипломат Александер Чесновски е повикан да одговори на прашања во врска со ситуацијата на полско-белоруската граница, каде што Полска прогласи вонредна состојба по раастот на бројот на мигрантите од Авганистан и Ирак кои се обидуваат да влезат во Европската унија преку Белорусија, откако Минск во мај годинава порача дека веќе нема да ги згрижува на белоруската територија како одговор на санкциите кои Брисел ги воведе против оваа земја како дел од притисок да го натера претседателот Александер Лукашенко да се повлече до должноста.
„Полицијата утрово пронајде тело на уште едно лице кое настрадало во обидот за премин преку границата“, изјавил во телефонски разговор за Reuters портпатолот на полското министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина.
Станува збор веќе за шести смртно настрадан мигрант чие тело полските власти тврдат дека го нашле близу границата откако порасна бројката нелегални влегувања на мигранти во таа област. Настраданиот имал 24 години и кај себе имал белоруски визни документи со датум од 15-ти септември.
Второт актуелно прашање е хуманитарниот конвој кој Полска наводно сака да го испрати во Белорусија, додал Јасина.
Белорускиот дипломат, исто така, е повикан во полското министерство откако минатата седмица полските служби известја дека наводно од белоруската срана на границата било пукано кон полски војници кои биле во патрола.
Активистите за човекови права ја обвинија владата во Варшава за нехумано постапување кон мигрантите и дека не им дозволува да побараат меѓународна заштита. Полска одговара дека за мигрантите е одговорна Белорусија, бидејќи се наоѓаат на нејзина територија. Поската влада, исто така, наведва дека нејзината понуда за пружање хуманитарна помош е одбиена од Минск.
Европската унија во четвртокот ги повика на одговорност Полска, Литванија и Латвија поради судбините на мигрантите кои се заглавиле во нехумани услови на нивните граници со Белорусија, како и поради извештаите за насилно однесува кон нив.
Полска во август на својата граница започа со поставување бодликава жица, а наскоро ќе решава за градење на ѕидот со сензори за движење и камери, кои ќе ја чинат повеќе од 407 милиони американски долари.