Народот покажа дека сака промени, дека сака светлина, а не мрак, дека избира чесност, а не корупција и расипништво, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кичево, Александар Јовановски, на денешниот предизборен собир, додавајќи дека народот сака работа и решенија на проблемите, а не поделби и нови проблеми.
„Успеавме да покажаме дека не е невозможно да се спротивставиме на актуелната локална власт и да поведеме со поголем број на гласови,а ќе се бориме тоа водство да го зголемиме и да го крунисаме со победа на 31-ви октомври. Сакам да ви се заблагодарам на довербата која ми ја укажавте и ги дадовте своите гласови за мене,без вас успехот е невозможен“, рече Јовановски.
Вети дека како иден градоначалник ќе расчисти со корумпираните, но ќе ги проблемите, како комуналните, така и еден од најгорливите, односно ќе работи на тоа да се спречи трендот на иселување од Кичево.
„Да створиме услови нашите деца и нашите млади да можат нормално да се развиваат, функционираат и да се реализираат, секој во својата сфера на интерес. Ветувам дека безрезервно ќе се заложам да створам услови да дојдат инвеститори кој ќе отворат нови работни места, со што ќе се смали невработеноста, а со самото тоа ќе порасне и цената на трудот на работникот. Во мојата програма има реални и веднаш остварливи проекти како што се промена на азбезтните водоводни цевки, изградба на канализациона мрежа во сите места каде недостасува, дислокација на дивите депонии кои ни го загорчуваат животот, промена и реновирање на дотраените трошни фасади и кровови на старите згради, односно нивна замена со енергетски ефикасни, формирање на социјален фонд за деца со посебни потреби“, истакна Јовановски.
ТВо продожението на своето обраќање додаде дека кон реализација а овие проекти ќе се пристапи веднаш и без одлагање, со тенденција да се остварат и пред зададените рокови и затоа ја бара поддршката од кичевчани.
„Затоа ве повикувам, активирајте се, убедете ги вашите роднини, пријатели комшии, без разлика на партиска, верска или национална определба, дека јас како кандидат за градоначалник ќе бидам вреден работник и застапник за интересите на сите наши граѓани. Нека излезат и на 31-ви октомври да го дадат својот глас за мене,како човек кој ќе работи во интерес на сите луѓе. За промени, за проекти, за победи“, порача Јовановски.