Седум села во општина Сарај таргетирани од безбедносните служби како критични за полнење гласачки кутии?!

Гласачки места во седум села во скопската општина Сарај се таргетирани како критични, односно таму најверојатно би имало полнење на гласачки кутии, брифираат безбедносни извори за НетПрес.

Нашите информации велат дека полнење на гласачки кутии за време на локалните избори за градоначалник на Град Скопје, на 31 октомври, има индиции дека ќе се случат во селата Глумово, Ласкарци, Бојане, Рашче, Радуша, Горно и Долно Свиларе.

Во овие седум села во скопската општина Сарај има вкупно 12 Избирачки места:

2438 – ОУ „Сами Фрашери“, село Глумово

2445 – ОУ „Ибе Паликуќа“, село Бојане
2446 – ОУ „Ибе Паликуќа“, село Бојане

2447 – Основно училиште Ласкарци, село Ласкарци

2453 – Основно училиште Долно Свиларе, село Долно Свиларе
2454 – Основно училиште Долно Свиларе, село Долно Свиларе

2455 – Основно училиште Горно Свиларе, село Горно Свиларе

2456 – ОУ „Фаик Коница“, село Радуша
2457 – ОУ „Фаик Коница“, село Радуша
2458 – ОУ „Фаик Коница“, село Радуша

2460 – ОУ „Дрита“, село Рашче
2461 – ОУ „Дрита“, село Рашче

Во првиот круг од локалните избори, кој се одржа на 17 октомври, кандидатот на СДСМ и ДУИ, Петре Шилегов во скопската општина Сарај доби 8.450 гласови, додека независниот кандидат Данела Арсовска имаше 2.769 гласа, од 14.763 кои излегле на гласање. Инаку, оваа скопска општина, според избирачкиот список на ДИК брои 32.967 гласачи.