По долго чекање, се појави трејлерот за новата сезона на серијата Сексот и градот, наречена „И само така“. Серијата ќе има премиера на 9 декември.
Најновото продолжение на хит франшизата се надоврзува на шесте сезони од оригиналната серија и двата филма. Приказната за четирите Њујорчанки и нивните љубовни, сексуални и кариерни авантури се сметаше за револуционерна кога почна да се прикажува во 1998 година. И токму тоа ги спојува Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, а нивната колешка Ким Катрал одлучи да не ја повтори улогата на Саманта Џонс.
„Имаме нови луѓе, а имаме и луѓе кои не се враќаат“, рече Паркер во неодамнешното интервју за Vogue.
Во новата серија ќе видиме како ликовите се соочуваат со „комплицираната реалност на животот и пријателството во 50-тите“. Познатите личности како Крис Нот и Марио Кантоне ќе ги репризираат своите улоги како Ѕверката, а ќе им се придружат и некои нови, како Сара Рамирез и Сарита Чудхури, што ќе ја зголеми расната различност во серијата. „Неверојатниот недостаток на различност беше Ахиловата пета на серијата“, изјавила неодамна Синтија Никсон.
Ким Катрал во 2017 година изјави дека нема да се врати во улогата на Саманта Џонс, но негира дека тоа е поради обвинувањата дека е дива и бара повеќе пари. „Она што сè уште ме мачи е чувството дека на некој начин сум претворена во негативец“, рече таа. „Никогаш не барав пари, никогаш не барав нешто посебно, така што е апсолутно смешно да се сметаш за некаков џин“.
https://www.youtube.com/watch?v=KNLwEjJPbcs
“Сè уште се вклопува во истиот сакан тон на серијата. Облеката е сè уште врвна. И дозволете ми да ви кажам, има уште многу секс во оваа верзија на Сексот и градот”, изјавила неодамна Сара Џесика Паркер за Vogue.