Петре Шилегов покрај тоа што ги остави без плата вработените во Град Скопје, ги партизирал и наградите 13 Ноември. Со потписот на Шилегов се доделило награда на Денко Малевски кој изјави дека „Македонците и Бугарите се ист народ”, како и тимот за имунизација на Венко Филипче кому му починаа над 7.000 луѓе од корона, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Шилегов доделил и парична награда на Денко и Венко. Наместо награди за достигнувања Шилегов си направил партиска тезга од наградите 13-ти Ноември.
ВМРО-ДПМНЕ нема да даде легитимитет на партискининструирани награди. На Скопје му треба независна комисија која непрострасно и професионално ќе ги доделува наградите кои имаат важност и тежина“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ претходно критикуваше дека на синоќешното доделување на признанијата не се појавиле претставници на новите градски власти.