Омикрон варијантата на коронавирусот откриена во Холандија пред доаѓањето на летови од Јужноафриканската Република минатата седмица, соопштија во вторникот холандските здравствени власти.
Најмалку 14 лица позитивни на омикрон варијантата пристиогнале со летовите од Јоханесбург и Кејптаун на амстердамскиот аеродром Сипсхол на 26-ти ноември, објави холандскиот Национален институт за здравје (RIVM).
„Меѓутоа, ја пронајдовме омикрон варијантата кај два тестирона примерока од 19-ти и 23-ти номеври. Сѐ уште не е разјаснето дали тие лица престојувале во Јужноафриканската Република“, се наедува во соопштението на RIVM.
Шеесетина патници од вкупно повеќе од 600 пристигнати со летовите од ЈАР до Амстердам биле позитивни на коронавирусот. Тие се ставени во аеродромскиот карантин од минатиот петок.
Холандските власти, исто така, анстојуваат да ги контактираат и тестираат повеќе од околу 5.000 патници кои допатувале до ЈАР, Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија и Зимбабве.
Во Холандија од неделата стапија на сила построгите епидемиолошки мерки поради сузбивање на ширењето на коронавирусот, по рекордниот број на заразите од околу 20.000 на дневно ниво, со цел да се ублажи притисокот врз болничкиот систем.
Откривањето на омикрон варијантата го загрижи светот и се стравува дека постојните вакцини за Covid-19 не се ефикасни против неа, што би ја продолжило пандемијата којашто трае веќе две години.