6.8 C
Skopje
петок, ноември 29, 2024

Рама: Годинава „бебешки бонус“ добија 40.000 новороденчиња

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во текот на оваа година „бебешки бонус“ добиле 40 илјади новороденчиња.

Рама, исто така, на објава на Фејсбук наведува дека од почетокот на реализација на овој проект, јануари 2019 година, досега, бонус добиле 111 илјади бебиња.

– Вкупно 40 илјади новороденчиња годинава добија бебешки бонус. Сме поддржале над 111 илјади деца родени од први јануари 2019 година, кога започна универзалната владина програма. Со буџетот за 2022 ќе продолжи финансирањето на оваа програма за секое новороденче. Децата пред сè, напиша Рама.

Со владината програмата родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (325 евра) за второродено 80 илјади (650 евра), а за третородено дете по 120 илјади леки (околу 1.000 евра). Доколку се близначиња, тројка или повеќе бебиња, секое добива по идентичен износ.

Бонус добиваат сите новороденчиња, независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.