Таравари ја напушта функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, најави оставка од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците, поврзувајќи ја со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори.

Во изјава за ТВ Клан, Таравари рече дека нема повторно да се кандидира за истата функција во партијата и нагласи дека на Алијанса за Албанците ѝ се потребни нови кадри.

„Сигурно е дека повеќе нема да бидам генерален секретар на Алијансса за Албанците, тоа е моја лична одлука. Има доволно време да се избере друга, помлада личност на таа функција“, изјави Таравари.