
САД оценија дека е постигнат „скромен“ напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма, но им се прдружија на земјите од Европа во барањето тие „што поскоро“ да завршат сттравувајќи од успехот на Техеран во развојот на нуклеарно оружје.
„Деновиве забележавме дека можеби е постигна скромен напредол во овие последни преговори“, иозјави за медиумите портпарлот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, ден по продолжувањето на преговорите во Виена со кои се прави обид да се псаси договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година.
„Меѓутоа, страните мора да настојуваат да се потпираат на тој напредок во конструктивен дух и со уверување“, додаде Прајс, оценувајќи дека е „прерано да се каже колку тој напредок е конкретен“.
Но за портпаролот на американската дипломатија, без оглед на сѐ, тој напредок е „пребавен“ и „тоа не може повеќе да оди вака“. „Наскоро ќе биде предоцно за враќање на меѓусобното почитување“ на нуклеарниот договор, додаде Прајс,
И преговарачите од трите европски земји (Велика Британија, Франција и Германија), исто така, потписнички на договорот од 2015-та, истакнаа дејка овие преговори „не трпат одложување“.
„Јасно се приближуваме до точката во којатп иранската нуклеарна ескалација сериозно го нарушила нуклеарниот договор“, се наведува во задничката изјава на трите земји.
Особено предупредија дека Иран збогатува ураниум до нивото кое опасно се приближува до она од кое е можно изработка на нуклеарно оружје, иако Техеран во саботата повтори дека не планира да го збогатува ураниумот до 60 отсто доколку преговорите во Виена пропаднат.
Со договорот се ограничува збогатувањето на ураниумот на 3,67 отсто, што е погодно за цивилно производство на енергија и далеку под прагот од 90 нотсто за производство на нуклеарно оружје. Но откако САД во 2018 година еднострано се повлекоа од договорот и всушност не ги укинаа санциите против Иран а европските земји не ја заштитија иранската економија од ударот, Техеран постепено почна да суспендира некои од своите обврски од договорот, вклучително и онаа за количеството и нивото на збогатениот ураниум.
„Го примаме на знаење коментарот на директотот на Иранската организација за атомска енергија, според кој Иран нема да збогатува ураниум над 60 отсто. Сепак, ниедна држава којашто не псоедува нуклеарно оружје досега не збогатуваше ураниум до 60 отсто. Со зголемување на резервите на ураниум до 60 отсто Иран е многу блиску да добие фисиски материјал кој може да го употреби во производството на нуклеарно оружје“, предупредуја трите европски земји.
Иран и Русија во вторникот испратија оптимистички сигнали во врска со спасувањето на нуклеарниот договор кој во 2015 година во Виена со Техеран го постигнаа шесте светски сили, а иранската страна додаде дека договорот е можен доколку и другите страни покажат „добра вера“, рускиот преговарач извести за „неоспорен напредок“.