Рафаел Надал се пласира меѓу најдобрите осум тенисери на Австралија Опен, откако со 3:0 во сетови беше подобар од Адријан Манарино од Франција.
За Надал ова е 14-то учество во четвртфиналето на Гренд слемот во Мелбурн.
Негов следен ривал ќе биде Денис Шаповалов кој успеа со 3:0 о сетови да го елиминира третиот носител Александер Зверев и тоа со 6:3, 7:6(5) и 6:2 по сетови.
Канадскиот тенисер за прв пат ќе игра во четвртфиналето на Австралија опен.