Утре ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел во 12 часот.
Неговиот син, Игор Џамбазов, во објава на Инстаграм се заблагодари за подршката и убавите зборови и извести дека погребот ќе биде од затворен тип, заради ковид-протоколите.
-Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање, порача Игор Џамбазов.