Бугарскиот премиер Кирил Петков во првото интервју за британски Би-Би-Си се пожали дека Бугарите во Македонија немале правна заштита. Се уште имаме проблеми кои треба да ги решиме вели тој во интервјуто. Но новинарот што го водеше интервјуто Стефн Сакр на ваквата изјава го прекина Петков и реагираше со директно прашање за правата на Македонците во Бугарија.
„Бугарите во Северна Македонија се уште немаат права за легална заштита“, вели Кирил Петков.
„Извинете но немаат ни етничките Македонци во Бугарија, всушност во Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи на таа основа отколку обратно, на Бугари чии права се повредени во Македонија. Аргументите ви се слаби. Се сведува на вашата политичка волја вашиот претседател вели дека вашата рака подадена кон македонската Влада е грешка, ќе треба поддршка од многу влијателни луѓе во вашата држава за да се нормализираат односите со Македонија“, додава Стефан Сакр.
Сепак Петков одбегна да одговори на ваквата забелешка и рече дека со македонскиот премиер веќе се договориле околу тоа прашање.
„Добри вести се тоа што кога разговаравме со премиерот на Северна Македонија ние всушност целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа, прашањето е како да се стигне до таму и кој е патот јавноста во двете земји да се согласи“, порача Кирил Петков.
Интервјуто на бугарскиот премиер Петков за Би-Би-Си во бугарските медиуми беше пренесено единствено делот во кој тој зборува за кризата во Украина.
Инаку, македонската Влада пак, не реагира на програмата која бугарската БНТ ја пренесува во нашава земја а на која се емитуваат емисии за припадноста на Гоце Делчев како Бугарин, а околу ова вчера и премиерот Ковачевски со кус одговор.
„Јас ќе разговарам за тоа со Министерството за надворешни работи и тие ќе информираат во однос на тоа“, вели Димитар Ковачевски.
Наспроти ова бугарскиот премиер Петков лично телефонски му се јавил на Ковачевски за да разговара за симнувањето на лентите од венците на гробот на Делчев што ги постави бугарската делегација, но и за тоа дека имало напад врз културниот центар Иван Михајлов во Битола каде се скршени прозорци.
За овие случаи веднаш е спроведена истрага од МВР, за што за оној во Битола се откри дека немало политичка позадина туку дека тоа го направила поранешната сопруга на секретарот на Центарот од приватни причини кој пак пријавил дека се работи за нетрпеливост кон Бугарите.