Мицкоски: 1090 проекти за 100 дена се промените кои носат иднина

Почитувани градоначалници, советници, драги пријатели од општините Велес, Свети Николе, Лозово, Градско, Неготино и Кавадарци. Денес сме тука затоа што имаме што да кажеме и што да порачаме пред присутните, и да ја раскажеме нашата приказна и вистината за тоа што е сработено во првите 100 дена од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Многумина пред избори ветуваат се и сешто, се колнат дека ќе сработат, а многу малку потоа излегуваат да кажат што сработиле дури и по еден цел изминат мандат, ова денеска го истакна Христијан Мицкоски по повод отчетот на градоначалниците на неколку општини кој се одржува во Велес.

-Ние тоа го правиме во првите сто дена, и ќе го правиме редовно овие 4 години локална самоуправа. И причината за тоа е што имаме програма која ја реализираме и одговорност што е најважно пред граѓаните. Пред сите граѓани кои во тие промени ја гледаат надежта која ја чекаат со децении, таа искра која доаѓа од најдлабоките емоции и пориви да направиме нешто подобро за Македонија и иднината на нашите и идните генерации. И во едни тешки услови на постојани опструкции од централната власт, на кратења, удари и подметнувања од кои нема да се жалиме затоа што на тој начин на кој тие колку удираат пониско ние се креваме повисоко и стануваме посилни, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1090 проекти низ целата држава. Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, но и знаење. А вие самите знаете дека никогаш не ветувавме чуда, но она кое што се чувствува дека носиме ПРОМЕНИ ШТО ЈА МЕНУВААТ СЕГАШНОСТА, ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА и промени за кои заедно сите се бориме. Ние ПОКАЖАВМЕ ДЕКА УМЕЕМЕ, И МОЖЕМЕ. И тука има нешто што тие го немаат. Нови луѓе, со нова енергија и план кој го соддржи клучот – РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА. Од овие повеќе од 1090 проекти кои се започнаа со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија, вели Мицкоски.

Тој додава дека голем дел од овие проекти се реализирани токму и во општините кои денес даваат отчет, а за кој градоначалниците детално ќе говорат по моето обраќање.

-Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии. Секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека потребно е повеќе и уште подобро. И ние нема да застанеме. И ние НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИМЕ! Бевме заедно кога имаше и поплави, и кога имаше пожари, и кога тутунот не се откупуваше и кога власта затвораше врати за народот. Ние заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации се боревме за иднина во која што веруваме. Затоа продолжуваме да работиме за ПРОМЕНИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОДЛАБОКИ И КОИ МОРА ДА СЕ ПОШИРОКИ! И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која сите вие ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме. ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти. И ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ, за многу нови победи. Надежта е родена и таа ќе победи. Затоа што наша задача и наша обврска се ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА за секој човек, вели Мицкоски.

Тој додава дека се бориме за секоја општина, така мора да се бориме и за нашата Македонија, да ги надминеме предизвиците, да станеме посилни како земја и многу поодговорни за нашата заедничка иднина.

-Светот се менува со мослкавична брзина. Македонија на тој план е заглавена во криминал, се чини во бесконечно тапкање во место и безперспективност. На ова мора да се стави крај. Македонската политика многу малку нуди решенија за суштината на проблемите, а многу повеќе таа се базира на гол ПР. Тоа се случува и кога станува збор за последните случувања поврзани врз агресијата во Украина. Дури и на таквата несреќа каде има стотици загинати, каде животи се губат, каде луѓе испаничени за своите животи се спасуваат, власта, оваа тука, истата СДСМ брои лајкови на социјалните мрежи, прави политика кој на која страна бил, кој кому намигнал, што сум кажал и кога сум кажал и дали доволно сум ја поддржувал Украина. Затоа ја користам оваа прилика овде од Велес да им порачам на глодарите коишто ги чекаат крадените пари од фамилијата на власт чиишто политики ги спроведува администаторот Ковачевски. Додека Ковачевски ја распродаваше Македонија преговарајќи за идентитетот, газејќи дебели црвени килими и седејќи во удобни кожни фотелји во Брисел, разговарајќи со Петков, распродавајќи го достоинството, додека го продаваше она кое ни е преостанато и наследено од нашите предци кои со глава го платиле ова што ние денеска го живееме, јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина. Зошто е тоа важно. Затоа што не така одамна и нашата татковина и нашата Македонија беше предмет на агресија од север и од запад. И затоа ние не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен територијалниот интегритет и суверенитет на ниту една суверена и независна држава. Но, гледајќи го во очи и разговарајќи лице во лице, некриејќи се поради некои други причини, Фејсбук статуси или бледи соопштенија од владата. Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека затоа, тука во Македонија мора обединетост како нација, затоа што Македонија е земја изникната од никулецот на борбата за слобода и правдини. И нашата земја е изградена од жртвата на луѓето кои сонуваа за своја земја, човечки права, и своја држава Македонија. Затоа ова е добра можност и во Собранието да се усвојат две Декларации, едната за поддршка на Украина со порака за мир, и почитување на меѓународните норми, а втората за титанот за великанот Гоце Делчев, којашто упорно овие од власта од СДСМ одбиваат да ја поддржат. Тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како сиболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда.

-Воедно да си бидеме искрени и да си признаеме дека Македонија на светската карта и во меѓународните односи има многу и мала и симболична улога. Многу работи не зависат од нас, и ние треба како народ и држава да се насочиме кон она што преставува наш државен и стратешки интерес и да ги решаваме реалните проблеми. Наместо администраторот Ковачевски да ги облекува чевлите со преголем број за носење и да има перцепција на лажен џин, да си погледнеме во лице и да се насочиме кон решавање на економските потешкотии кои сега со кризата во Украина може да бидат уште поголеми. Народот го интересираат состојбите на истокот, но највеќе го интересира домашниот есап. А тука дома имаме работа со поимот стагфлација што е комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата. Денес секое семејство пред се го мачи тоа што бензините за две и пол години се покачени за 70 проценти, струјата е повисока за 30 проценти, цените на лебот, млекото и маслото вртоглаво растат. Можен е нов ценовен шок на енергенсите, додека државата се уште одбива да се откаже од акцизата за горива која ја зголеми. Нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви во состојба кога целиот регион посветува внимание на оваа тема. владата не негира дека ќе донесе нова одлука за Евро обврзница што ќе значи нов рекорд за задолжување кое треба да го платат сите граѓани и неродентие генерации. Енергетската криза нѐ чинеше до сега повеќе од 200 милиони евра, висок износ на средства кој можеше да се искористат за справување со инфлацијата, за соодветен раст на пензииите и платите, од што корист ќе имаа сите граѓани. Наместо тоа плаќаме скап увоз на струја, којшто дополнително ја разгорува инфлацијата а плаќаме скап увоз на струја затоа што не произведуваме. Затоа што наместо да произведуваат во Битола и во Осломеј и во сите оние хидроцентрали тие увезуваат, а увезуваат за да делат пари, за да делат од рекетот кој го спроведуваат на грбот на народот и потоа ќе ви речат дека политиката е стабилна и владата водела сметка. Ниту владата води сметка, ниту политичката состојба е стабилна. Сам што не се урнала како кула од карти. Затоа денеска народото осиромашува а единствени кои се богатат се оние кои ги газат дебелите црвени килими на Илинденска број 2. Ќе потсетам дека денеска домашното произвдоство на електрична енергија изнесува нецели 34% од вкупните домашни потреби, додека историскиот просек е 62%, додава Мицкоски.

-Ова се работите кои говорат дека се живее лошо во Македонија, но и ова се работите поради кои се повеќе млади, мои студенти за жал си заминуваат од државата. И јас за разлика од оваа влада која оставаше празни чевли пред зградата на Илинденска и броеше, така од ракав колку си заминале од земјава, и после кога ги зграбија фотелјите се заборавија, ќе споделам еден податок кој е официјален и го објавува еврропската статистика ЕУРОСТАТ-ако во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 дозволи или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и администраторот Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија. Нашата задача е да ги вратиме овие луѓе и да им кажеме дека ќе се бориме за сите луѓе поддеднакво затоа што Македонија е за сите луѓе и затоа што оваа држава мора да има иднина. А драги пријатели, иднината која ја градиме мора да биде достоинствена, да бидеме свои на своето и само така препознаени од Европската Унија. И на тој план пред неколку дена кога станува збор за спорот со Бугарија побарав од владата на Ковачевски да побара писмени гаранции за нашиот идентитет, за нашата многувековна историја, традиција обичаи, за нашиот македонски јазик и тоа дека нема подоцнежните фази Бугарија да не блокира на патот кон полноправно членство ЕУ. Резултатот од тоа е молк. Ќутат. Владата молчи. Цела влада молчи, бегаат како ѓавол од темјан да ја коментираат оваа тема. Владата прво ја одби понудата за национален консезус и единство за прашањето со Бугарија, сега не се изјаснува ниту за гаранции за историјата и јазикот, идентитетот. Тоа говори само за едно, дека Ковачевски преговара лош договор далеку од очите на јавноста. Тоа му е задолжението кое му го остави Зоран Заев за да може да ужива во привилегиите на се посиромашниот народ. А Македонија нема ниту простор, ниту време за губење. Затоа апелирам на разум и на заштита на националните и државни интереси, како и општествена мобилизација на сите фактори влијателни во Македонија, и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на МАНУ, која испрати апел за заштита на националните интереси и историската вистина за Македонија што е аргумент плус на масата за преговори со Бугарија. Ковачвски нека ја искористи нашата подадена рака за национално единство, капацитетите на МАНУ, Универзитетите, мудрите луѓе, нека побара гаранции за нашиот идентитет и така со сочувано достоинство заедно да се бориме за европската иднина на Македонија, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговори на вистинските потреби на народот. И ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во име на сите овие луѓе да водиме, и да одиме напред. И затоа велам дека не смееме да губиме повеќе ниту една секунда, туку заеднички и сложно да градиме иднина. Да создаваме промени што носат иднина. Да сте живи и здрави, да е вечна нашата Македонија и наскоро да се радуваме на нови победи и проекти.