Индија во петокот потврди дека проектилот со кој претходно седмицава го погодила Пакистан го истрелала случајно „поради техничка грашка“, изнесувајќи ја својата верзија на инцидентот откако Пакистан го повика својот амбасадор на консултации.
Индија наведе дека грешката, која ја предизвикала истрелувањето на проектилот, се случила при рутинска контрола.
„На 9-ти март 2022 година, во текот на рутински процес на одржување, техничка крешка доведе до случајно истрелување на проектилот. Дознавме дека проектилот паднал на територијата на Пакистан. Иако длабоко жалиме поради овој инцидент, голем олеснување ни претставува тоа што никој не настрада“, се наведува во соопштението на индиското министерство за одбрана.
Се наведува, ист така, дека индиската влада за тоа „заземала сериозен став и наредила истрага на високо ниво“.
Висок пакистански фунцкионер изјавил за Reuters, под услов да остане анонимен, дека инцидентот подигнал тревога и дека можел да ескалира во „критична ситуација“.
„Нивната објава дека станува збор за пректилот беше многу ноншалантна. Што тоа зборува за нивниот безбедносен механизам и техничката стручност за ракување со тоа многу опасно оружје? Меѓународната заеднциа мора да поведе сметка за тоа“, рекол пакистанскиот функционер.
Воени експерти и претходно предупредуваа на опасност од несреќи или погрешни пресметки кои може да се случат во овие две соседни нуклеарно вооружени земји, кои веќе водеа меѓусебни три војни и многу помали вооружени судири, најчесто поради спорот со областа Кашмир.
Послендите месеци тензиите меѓу Индија и Пакистан се намалени, меѓутоа овој инцидент, кој е можеби првиот познат таков, сега го отвори прашањето за безбедносните механизми.