Лавров: Преговорите одат тешко, Киев ги одбива и сопствените предлози

Главната причина за сложениот и долг процес на преговорите меѓу Москва и Киев за запирање на војната е честото менување на ставот на украинската страна, рече во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Преговорите одат тешко, украинската страна постојано го менува својот став, дури одбивајќи ги и сопствените предлози. Тешко е да се ослобидиме од чувството дека Американците ги контролираат“, тврди Лавров.

Според шефот на руската дипломатија, ако во минатото Украина била користена за напади и омаловажувања на сѐ што е руско, сега целиот Запад ја „добил командата“ за таквото однесување.

„Маските се симнати. Сѐ можеме да видиме. Сега не е само Украина таа што се користи за напади врз сѐ што е руско. Целиот Запад доби таква команда“, изјавил Лавров за новинарите.

Украина беше избрана и искористена како алатака за потиснување на рускиот суверенитет и самостојност, вели првиот дипломат на Москва.

„За да стане ефикасна ваквата Украина, таа мораше да стане ‘антируска’. И во неа го подметнаа неонацизмот како наводна декомунизација, се поттикнуваше глорификација на (нацистичките) колаборационисти во Втората светска војна. Цивилизираниот Запад едноставно немо го гледаше сето тао, па дури и го охрабруваше“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија забележува дека сите активности особено во последните осум години во културната и образвната сфера во Украина може да се опише како „култура на откажување од заедничката историја“, што е дел од планот за поткопување на Русија.

Според него, западните земји хронологијата на настаните во Украина ја сметаат само од 24-ти февраури, кога рускиот претседател Владимир Путин наред да започне офанзивата или како што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во соседата. Меѓутоа, продолжува Лавров, во реалноста сѐ започна многу порано.

„Се заборава дека украинската влада концентрираше повеќе од 100.000 војници на линијата на раздвојувањето (со одметнатите руски региони во источната облас Донбас), дека беа интензивирани гранатирањата“ врз Донецк и Луганск, рече Лавров.