ФОТО: Англичаните им се ситат на Италијанците преку Македонија

Пред осум месеци, италијанската репрезентација на Вембли ја победи Англија во финалето од Европското првенство и ја спречи да го освои првиот голем трофеј по пауза од 55 години.

Притоа „аѕурите“ толку ги тролаа своите ривали со познатата фраза „It’s coming home“ што на овие им стана кошмар. Англичаните уште не можат да се соземат од тоа, но барем си најдоа утеха во Македонија која синоќа го исфрли континенталниот првак и го оневозможи да игра на Мундијалот. Социјалните мрежи вријат по поразот на Италија, а колку што се гласни Македонците, толку се и Англичаните.

Интересно е тоа што се користат истите мемиња и твитови што ги користеа Италијанците минатото лето. Колку да им биде потешко.

https://twitter.com/goal/status/1507110050040619012?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507110050040619012%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Ffoto-anglichanite-preku-makedonija-si-gi-lechat-frustraciite%2F