4.8 C
Skopje
среда, февруари 26, 2025

Победникот на Евровизија сподели што прави со свршеницата среде преполна плажа (ФОТО)

Победникот на Евровизија, италијанскиот претставник Дамиано Давид сподели фотографии со својата свршеница, но наместо обична фотографија, таа набрзо стана вирална.

Додека сите со нетрпение ја очекуваат Евровизијата закажана за во Торино во мај, фронтменот на групата „Манескин“ објави фотографија од плажа со свршеницата и инфлуенсерка Џорџа Солери.

Сепак, една од фотографиите привлече посебно внимание, бидејќи не само што се бакнуваат во уста, туку и се лижат со јазиците.

-Но со тебе е се позанимливо, напиша фаталниот Италијанец во описот на фотографијата на која позира со неа.

Коментарите под фотографијата се нижеа, а некој од нив и прашуваа зошто имаат потреба да се лижат, наместо да се бакнат убаво.