Во Австрија лани се одржале рекордни 12.804 јавни протести

Минатата година во Австрија се одржале вкупно 12.804 демонстрации и протести, од кои 7.790 во Виена. Најголем дел од протестите биле поради епидемиолошките мерки.
Поради протестот, централната улица на Виена Ринг мораше да биде целосно затворена за сообраќај 78 пати, некои денови и до три пати, пишува Вести.онлајн. Министерството за внатрешни работи на Австрија забрани 452 демонстрации, од кои 401 беа пријавени во Виена, а 51 во други провинции.

Интересно е што во 2020 година имаше речиси двојно повеќе протести од лани. Според Министерството, причина за тоа е што на демонстрациите на противниците на мерките за корона, се собраа и екстремни десничари и неонацисти, па така се намали волјата кај граѓаните за организирање на други видови протести.