Сали: „Не можам да дадам прецизен одговор за случајот со Тот, се уште се комплетираат документите“

„Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина. По комплетирање на сите документи ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава“, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

Тој рече дека: „сликата се уште не е комплетирана“, па поради тоа не може да даде прецизен одговор во однос на тоа дали има некој лекарски пропуст во овој случај.

– Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам изјава. Се уште сликата не е комплетирана, не можам да дадам прецизен одговор, меѓутоа гледам дека секоја институција својата работа си ја обавува во рамки на своите ингеренции. И со директорката Мојсова и со директорката Букова сме разговарале, меѓутоа дозволете да заврши процесот, па да кажеме, додаде Сали.