НБА лига: Далас ги елиминираа Јута Џез

Кошаркарите на Јута Џез беа поразени од Далас Маверикс со 96:98 во шестиот натпревар одигран во Солт Лејк Сити и така се елиминирани во првиот куг од доигрувањето во НБА лигата.

Суднината на мечот и на Џез во свои раце ја имаше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ, кој на две секунди пред крајот не рализираше отворен шут за „тројка“ и победа на својот тим.

Дотогаш Богдановиќ погоди три „тројки“ од пет обиди и со 19 коша беше втор стрелец на Јута на мечот, зад Донован Мичел кој впиша 23 поени. Кај Далас по 24 коша постигнаа Џејлен Брансон и Лука Дончич кој покрај тоа имаше и 9 скокови и 8 асистенции.

Јута третпат во последните четири години се поразени во првиот круг од доиграувањето, а Далас порвпат го мина конференциското полуфинале по 2011 година, кога Мавериск предводени од Дирк Новицки и својот сегашен тренер Џејсон Кид дојдоа до единствената своја титула НБА првак.

Далас во конференциското полуфинале ќе играат против Феникс Сасн кои со понедата од 115:109 во шестиот меч одигрна во Њу Орлеанс ги елиминараа со 4:2 во серијата.

Во конференциското полуфинале на Истокот се пласираа Филаделфија 76ерс кој во шестиот дуел славеа со 132:97 на гостувањето кај Торонто Рапторс. Филаделфија во конференциското полуфинале ги чекаат Мајами Хит.