Историски ден! После векови негирање, официјално призната вистината – тука сме и постоиме! Автокефална Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Никогаш да не заборавиме дека црквата го одржа Македонецот! Во 5 века турско ропство и скоро еден век поделби Црквата беше таа која ја одржа свеста за засебна Македонска нација, Македонски јазик и Македонска култура.
Честитки за мудрата политика на поглаварот г.г. Стефан и сите владици од Синодот на МПЦ!
За многу години“ – анализира тој!