Една жртва во невреме со град во Франција

Силна бура мина во саботата низ Франција, при што едно лице го загубило животот, а петнаесетина други се повредени од кои две тешко, сумираа властите во неделата, додека метеоролшката агенција Meteo-France предвидува смирување на времето.

Жена во триесеттите години загинала заработена под автомобилот, откако била повлечена од поројот во Руен, соопшти канцеларијата на градоначалникот на овој град западно од француската престолнина Париз.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дерманен изјави за медиумите во неделата претпладнето дека во бурата „15 луѓе се повредени, меѓу нив две тешко“, а 13-годишно момче е во „критична состојба“. Истакна дека ова е „првпат во последните дваесет години“ невремето да зафати толку голема област.

Невремето во саботата мина низ 65 француски департмани, а 15.000 домаќинства останаа во неделата без електрична енергија, според министерот Дерманен.

Додаде и дека штети претрпеле „уметнички дела“, во прв ред мостовите во Меине, на западот на земјата, коишто ги „однел“ поројот, како и лозовите насади, најмногу во Ландес и Герс, на југозападот.

Од Meteo-France во неделата утрото објави „портокалов метео аларм“ поради бурата во 25-те департмани, каде што невремето сѐ уште не се смирило. Во некои краишта налетите на ветрот достигнале повеќе од 100 километри на час.

На југозападот на земјата парчиња град со дијаметар од неколку сантиметри паднале на дел од лозјата во Армањак, познат по изработката на врвен коњак, изјавиле за AFP локалните лозари и локалните власти.

„Се проценува дека страдале четири до пет илјади хектари лозја и повеќе десетици илјади хектари други култури“ во депарманот Герс, изјави претседателот на локалната земјоделска комора Бернар Малабирад и додаде дека градот со дијаметар од три сантиметри предизвикал големи штети особено на западот од департманот.

Молњи го шарале небото над Бретања и Нормандија, на западот на Франција, но и во Вал-де-Лоари, во централниот дел, како и во Ил-де-Франс околу Париз.