Бројката африканските нелегални мигранти кои загинале при обидот да продрат во шпанската енклава Мелила на територијата на Мароко, се искачи на 23 луѓе, пренесе ноќта кон неделата агенцијата AFP, повикувајќи се на мароканските официјални лица.
„Уште пет мигранти починаа, што резултираше со вкупно 23 смртни случаи. Уште 18 мигранти и еден полицаец остануваат под медицински третман“, изјавил за агенцијата претставник на мароканските властите.
Инцидентот со стампедото се случи околу 2.000 илегални мигранти се обиделе да се префрлат преку високата ограда на територијата на Мелила, кога дојде до судар со припадниците на безбедносните сили. И покрај брза и жестока реакција на обезбедувањето, 130 лица успеале да влезат на територијата на енклавата. Сите повредени и жртвите се пренесени во болниците во мароканските градови Надор и Уџда.
Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез во саботата ја нарече драмата во Мелила, шпанска енклава на територијата на Мароко, „напад врз територијалниот интегритет“ на Шпанија. „Станува збор за напад врз територијалниот интегритет на нашата земја“, изјави Санчез на прес-конференција во Мадрид.
Во текот на изминатите десет години, шпанските енклави Мелила и Сеута, кои се наоѓаат на северниот африкански брег, станаа магнет за мигрантите главно од субсахарските области кои се обидуваат да влезат во Европа.
Мелила се наоѓа на северот од Африка и има статус на автономен град на Шпанија. Поради својата географска локација, проблемот со миграциите е главен проблем на двете енклави. За контрола на протокот на бегалците од Африка по должината на 12-километарската граница меѓу Мелила и Мароко поставена е ограда висока шест метри со надзорни кули.