Врело и смело: Што е строго забрането во сексот во лето?

Како расте температурата во термометарот, така растат и сексуалните апетити.

Летото е вистинското годишно време за целосно уживање и препуштање, но постојат одредени правила кон кои треба да се придржувате во текот на топлите месеци.

Освен што можат да ви го уништат расположението за секс, овие грешки можат и да ви создадат големи проблеми.

Не ги оставајте кондомите во автомобилот

Високите температури можат да ги оштетат кондомите и да ја намалат ефикасност кога станува збор за контрацепција или пренесување на полови болести. Познато е дека автомобилите во текот на летото на високите температури може неверојатно да се загрее, а ако во возилото оставите кондом, не го употребувајте, бидејќи неговото место е за во канта за отпадоци.

Не се впуштајте во секс на отворено, пред да ја проверите околината

Иако сексот на отворено во текот на летото може да биде многу забавен, треба да обрнете внимание на одредени работи. Пред удобно да се сместите на плажа или во шума, прво треба добро да се запознаете со околината, за да можете да избегнете отровен бршлен или пак гнездо со инсекти. Сигурно не сакате наместо да уживате по сексот да се здобиете во било каков осип или убод. И секако, секогаш бирајте го местото кое е во сенка и на кое нема да бидете фатени.

Не се опуштајте во секс во вода

Иако секс во базен може да звучи еротски, тоа всушност воопшто не е добра идеја. Имено, за време на сексот во вода постојат повеќе шанси да „закачите“ некоја полово пренослива болест бидејќи водата го измива природниот лубрикант кој го создава телото, што доведува до поголемо триење преку кое настануваат гребнатинки и рани, а преку нив бактериите и вирусите можат полесно да влезат во телото. Освен тоа, сексот во вода ги зголемува и шансите за развој на уринарни инфекции. И додека кондомот во овој случај може да помогне за спречување на пренесување на полови заразни болести, тој нема да ја спречи уринарната инфекција. Колку за напомена хлорот во базенот лесно може да го оштети кондомот. Исто така, и секс во езеро или во море не е ништо по сигурен, бидејќи според експертите, водата лесно може да предизивка иритација доколку влезе во вагината.