Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на Канал 5 телевизија вели дека поради владата на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски она што требаше да биде на маса за преговори со Бугарија го донесоа да биде на маса за преговори со целата Европска унија.
!Договорот се преговара на различна маса од европската. Никој не вели дека договорот не треба да се преговара. Барем ниту еден политичар во Македонија не вели дека не треба да се преговара со Бугарија. Но, проблемот е што тие преговори сега ги донесовме на заедничка маса со Европски преговори. Тоа е суштината, затоа што вие на една маса ќе преговарате за животната средина, економијата, образованието, здравството, а на друга маса ќе преговарате за средниот век, за Смаоиловата држава. Ако за ова не се договорите, за бадијала вие ќе се договорите за образованието, за економијата и за животната средина, и за владеењето на правото и за се, ако вие не се договорите дека тоа што ќе го наметнат бугарските историчари е општ факт и прифатлив за вас и не ги промените учебниците„, смета тој.
На прашањето дали тој смета дека Бугарија може повторно да не блокира, Мицкоски рече апсолутно а тоа додавајќи дека тоа го кажал и самиот Стево Пендаровски во вчерашното гостување во централниот дневник на Канал 5.
„Апсолутно. Па тоа го кажа и вчерашниот ваш гостин кој што беше тука, кој што рече дека ако не ги прифатиме нивните аргументи за историјата дека ќе добиеме вето„, истакна Мицкоски.
„Тоа што требаше да биде на маса за преговори со Бугарија го донесоа на маса за преговори со цела Европска унија. Јас сум разговарал со десетици европски политичари и погрешна е тезата дека Европа има нешто против нас. не нема. И јас го уверувам народот дека намерите и на евроамбасадорот туку и на неговиот заменик и на сите политичари кои што дојдоа тука и на Урсула Фон Дер Лајен и Мишел имаат чесни намери кон Македонија“, потенцираше Мицкоски.