Велигденскиот остров, чилеанска територија среде Тихиот Океан, познати по мистериозните гигантски глави вдлабени во камен, од понеделникот ја укина мерката за забрана за влегување на странци и туристи воведена пред две години поради спречувањето на ширењето на Covid-19.
Првиот авион со туристите коишто патувањето го резервирале пред прогласувањето на светската пандемија на почетокот од 2020 година, ќе слета во четвртокот на меѓународниот аеродромот во Ханга Рои, административниот центар на островот, изјави за медиумите потсекратарката за туризам Вероника Кунзе.
„Ние го отворивме островот, но тоа мораме да го сториме во потполна сигурност“, изјавила Кунзе.
Пред пандемијата островот, кој е околу 3.500 километри оддалечен од чилеанскиот брег и на кој живеат околу 7.000 постојани жители, го посетувале околу 160.000 туристи годишно кои пристигнувале со два лета дневно.
Повторното отворање за туристите ќе се одвива постепено. Засега се предвидени само два лета седмично, а на островот ќе може да допатуваат само оние коишто се целосно вакцинирани против Covid-19 и кои имаат негативен наод на PCR тестот не постар од 24 часа.