Загина маж од прилепско, излетал со возилото од коловозот

Во вторникот околу 12,10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат селото Обршани и селото Крушеани, патничко возило „ровер фрилендер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот М.Ш. од селото Мало Коњари, прилепско, излетало од патот.

По несреќата, при транспорт до Градска болница Прилеп, М.Ш. починал во возило на Итна медицинска помош, информира МВР. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Прилеп.